Ќорсокак во преговорите за ЈО ?

Објавил: Узунов Бобан | 1 август, 2019 13:59

Милошоски: Русковска за опозицијата е обвинител, за Катица, Кики и Фрики адвокат !

Фото/Текст извор: ©магазин

Според пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференцијата по средбата во Министерството за правда, не било констатирано дека е можно доближување на ставовите со оглед на тоа што „власта не е подготвена по никоја цена да се откаже од Вилма Рускоска, затоа што е подобна да им служи како адвикат на некои лица, високи функционери вмешани во „Рекет““.

За жал, ова средба, за разлика од претходната не беше продуктивна. Власта не е подготвена во системското решение на Законот за јавното обвинителство да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и доверба од јавноста дека вистински се бори против организиран криминал и висока корупција. Гледаме дека за се се спремни да разговараат, но не и за губење на политичката контрола на владата врз Обвинителството за органзииран криминал и висока корупција, рече Милошоски.

Тој додаде дека последниот случај, „Рекет“, само покажува дека обвинителката Рускоска за неподобните политички лица се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица или некои Кики и Фрики се однесува како нивни адвокат.

Ова обвинителство не се труди во случајот „Рекет“ да открие повеќе докази, туку со одолговлекувањето, со изгубените телефони и годишните одмори како да се труди да сокрие повеќе докази за овој мегаскандал. Сметаме дека тоа во моментов се појавува како пречка за продуктивноста на разговорите за Законот за ЈО, рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.