Милошоски напиша дека на вчерашниот совет всушност дури 7 држави биле против датум за преговори за Македонија, а што е најчудно Грција била воздржана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2019 10:26

Милошоски: Седум членки на ЕУ биле против датум за преговори на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, се огласи на својот Твитер профил по вчерашниот совет на ЕУ.

Милошоски на својот Твитер профил се огласи по вчерашниот ЕУ совет

Милошоски напиша дека на вчерашниот совет всушност дури 7 држави биле против датум за преговори за Македонија, а што е најчудно е тоа што Грција била воздржана.

На денешниот ЕУ Совет 7 членки биле против датум за отворање на преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.

12 земји членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, Естонија, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани!, напиша Милошоски.

Инаку Милошоски е член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Македонија, кој од 2006-2011 година беше на чело на Министерството за надворешни работи. Роден на 29.1.1976 година во Тетово. Македонец. Дипломиран правник, Правен факултет, Скопје; магистер по европски интеграции, Универзитет „Фридрих Вилхелм“, Бон.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести