Милошоски се заблагодари на тимот лекари кои се грижеле за него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јули, 2020 9:58

Милошоски се врати дома по 21 ден болничка хоспитализација- надминав уште едно сериозно животно премрежје!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, пред извесно време ја извести јавноста дека е на болничко лекување од Ковид-19, новчера тој сподели убави вести, дека по 21 ден успеал да се избори и повторно е дома со семејството.

Милошоски вели дека по 21 ден конечно е дома со семејството. Се заблагодари на тимот доктори кои деноноќно се борат за животот на секој заразен пациент…

Милошоски се заблагодари на тимот лекари кои се грижеле за него.

После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19, повторно дома.
Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се многу преморени, деноноќно се борат за секој пациент.
Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје, напиша тој на својот официјален Фејсбук профил.

Милошоски на 30 јуни, соопшти дека неколку дена има покачена телесна температура, и дека по контакт со својата мајка Светлана која работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, која беше заболена од Ковид-19 најверојатно и тој е заразен.

Милошоски доби мерка самоизолација од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол му пропиша мерка самоизолација до 6ти јули.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести