Според законот Советот на обвинители има може да именува само вршител на должност на Јавниот обвинител на Македонија, а не специјален обвинител !

Објавил: Узунов Бобан | 22 август, 2019 10:30

Милошоски: Според законот Советот на обвинители има надлежност да именува само вршител на должност на Јавниот обвинител на Македонија, а не специјален обвинител !

Фото/Текст извор: ©магазин

Според членот 18 став 4 од Законот за јавно обвинителство, Советот на Јавни обвинители има надлежност да именува само вршител на должност на Јавниот обвинител на Република Македонија, до изборот на нов, а не да именува вршители на должност на други обвинителства, уште помалку да бира в.д на Специјланото јавно обвинителство.

Законот за Специјалното јавно обвинителство е јасен. При престанок на мандатот на специјалниот јавен обвинител, новиот се избира според постапката утврдена во членот 3 од Законот.

Законите секогаш се толкуваат според целта и намерата на нивното донесување. Нивното произволно толкување од страна на Јовески и на Заев не може да биде посилно од законската норма. Во спротивно нема да чуди ако Советот на јавни обвинители добие задача од Јовески или Заев да изберат и в.д министер за финансии и в.д државен ревизор, како и в.д директор на МКЦ!?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.