Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно!

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2019 14:41

Милошоски: СЈО го крие боледувањето на Јанева!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пратеникот Антонио Милошоски откако денеска во јавноста одекна веста дека обвинителката на СЈО, Катица Јанева е на боледување, се огласи на социјалните мрежи.

Милошоски напиша дека всушност лекарското за боледувањето на Јанева, е неверодостојно.

Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно!

Милошоски вчера истакна дека Катица наместо да дава изјава за медиумите најдобро би било да даде изјава таму каде што треба – пред истражен судија и јавен обвинител.

СЈО, го крие боледувањето! Но јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест.Специјалната обвинителка е е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично, напиша Милошоски на Фејсбук.

Ваквиот статус на пратеникот е по објавувањето на веста на порталот МКД.МК кој објави дека Јанева боледувањето го отворила на 16 јули, 2019, односно ден откако ја поднесе оставката, а дијагнозата поради која го отворила боледувањето е тајна, а не се знае ниту до кога завршува, односно местото за датум до кога е на боледување е отворено.

Јанева веќе трет ден не оди на работа, а СЈО за порталот МКД.МК, потврди дека формално-правно овластени сега да ги потпишуваат документите во периодот која Јанева е отсутна се обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести