Тие што ме следат на ФБ би можеле да му кажат на Заев, па ќе му напишам детално.

Објавил: Владо Марин | 9 мај, 2020 20:18

Милчин: Кажете му на Заев – Не ги измислил Тито Македонците во 1945-та, туку Мирче, Страшо, Кузман… со своите животи го овериле македонскиот идентитет и јазик!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, со своите животи Мирче, Страшо кои го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот, кои треба да се гордееме со тоа, се вели во Фејсбук објавата на режисерот и поранешен долгогодишен прв човек на Сорос-фондацијата во Македонија, Владимир Милчин. 

„Ќе ги потсети некој Бугарите дека Георги Димитров ги признал и Македонците и македонскиот јазик и дека во Горна Џумаја (денес Благоевград) имало театар на македонски, а ширум Пиринска Македонија имало читални и библиотеки?

И тоа траело до Резолуцијата на Информбирото!

Тие што ме следат на ФБ би можеле да му кажат на Заев, па ќе му напишам детално.

И уште нешто: Не ги измислил Тито Македонците во 1945-тата, со своите животи Мирче, Страшо, Кузман и да не редам понатаму, го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот.

Треба да се гордееме со тоа, а не да го распродаваме, вели Милчин во објавата на Фејсбук!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.