ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“. Од Општината информираа дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.

Објавил: Весна Петровска | 19 ноември, 2019 12:35

Милчин: Колку грд ден! “Варвари” од Максим Горки на улицата “Максим Горки” и насекаде околу нас!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев – пишува на својот Фејсбук, Владимир Милчин.

Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…
“Вишновата градина” од Чехов завршува со сечење на вишните кои му пречат на новопечениот богаташ Лопахин, претходник на Азманов и сличните нему. Црешите паднаа, монструмот на НАСТЕЛ се крена. Затоа не верувам дека црешите биле болни и дека ќе насаделе нови. Колку грд ден! “Варвари” од Максим Горки на улицата “Максим Горки”. И насекаде околу нас!- пишува Милчин.

Денеска градоначалникот Шилегов преку својот Фејсбук профил најави дека ценатрот на Скопје ќе го красат и високквалитетни јавори.

– Подигаме нов дрворед во срцето на Скопје. Нови 26 висококвалитетни јавори ќе го красат нашиот град, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, најавувајќи воедно дека в понеделник се возобновува и дрворедот со јапонски цреши на ул.„Максим Горки“.

ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на Општина Центар, вчера изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“. Од Општината информираа дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.

Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, соопшти Општина Центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести