Милчин смета дека од секојдневието се поприсутно е заминување на граѓаните надвор од Македонија и тоа е страшно . Во однос на Јавното Специјално обвинителство можеби вистинското прашање е како Катица Јанева стана Специјален обвинител, прашува Владимир Милчин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 септември, 2019 21:22

Милчин со коментар за Рекет: Правдата изгледа не живее во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владимир Милчин, професорот и поранешен директор на Фондацијата Отворено општество, во емиијата Само вистина на Канал 5 телевизија истакна дека правдава изгледа не живее во Македонија и тој не верува дека не може да се направи толкава операција а да не е замешана политиката.

Владимир Милчин гостин во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија

-Тоа што го видов од Меѓународниот сојуз беше во расчекор, а морав да го видам. Тој вели дека е многу чудно и пуштање во домашен притвор на обвинет од случајот „Рекет“.Мислам дека сево ова ќе излезе на површина, не сме ние толку голема земја да има вечни тајни, може нема да биде утре, но прашалниците остануваат. Мислам дека во Македонија доминира разочарувањето, напишав дека надежта е во колапс, но денес мислам дека надежта е мртва, вели Милчин.

Милчин смета дека од секојдневието се поприсутно е заминување на граѓаните надвор од Македонија и тоа е страшно . Во однос на Јавното Специјално обвинителство можеби вистинското прашање е како Катица Јанева стана Специјален обвинител, прашува Владимир Милчин.

Кај нас има дистрибуција на одговорност кога моќните ќе бидат фатени во нешто незаконито, неморално и неодговорно, лично јас не сум учествувал во иборот на Катица Јанева и не сум одговорен за тоа. Сигнали за нејзината недоволна компетентност морало да постојат. Вели дека се работело за големи пари и еден од проблемите е недоволната транспарентност, вели професорот.

Милчин исто така истакна дека не го гледа оправдано постоењето на СЈО очигледно таму многу работи биле почнати и не биле завршени, сеа зошто не биле завршени предметите и дали е тоа заради политички математики и лична корист, праша професорот.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести