Како дел од одбележувањето на Ноќта на вештерките во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија им поделија бонбони и чoколади на маскираните дечиња.

Објавил: Весна Петровска | 1 ноември, 2019 18:54

„Минионот“ го збуни Трамп, а тој со неговата постапка го насмеа светот за ноќта на вештерките

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Ноќта на вештерките се славеше во Белата Куќа. многу масикирани дечиња беа главни гости на претседателот на Америка Доналд Трамп.

Како дел од одбележувањето на Ноќта на вештерките во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија им поделија бонбони и чoколади на маскираните дечиња.

Главна сензација на настанот беше реакцијата на претседателот и на Меланија откако кон нив пријде дете маскирано како „минион“ од анимираниот филм „Подлиот јас“.

Тоа не носеше кошничка за слатките, па Трамп одлучи го стави чоколадото на неговата глава.

Ноќ на вештерките (или Hallowe’en) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските доселеници во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција.[1] Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.