Според експерите дали министерката Царовска имала законска обврска да го пријави имотот на неформалниот сопруг најдобро би одоговорила Државната комисија за спречување на корупција

Објавил: Узунов Бобан | 3 јануари, 2019 14:56

Министерката Царовска има законска обврска да го пријави имотот на сопругот ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерката Царовска изјавила дека нема законска обврска да го пријави имотот на нејзиниот невенчан сопруг. Но сепак како министер за труд и социјална политика се претпоставува дека добро го познава Законот за семејство. Во истиот закон во член 13 е утврдено дека Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

Како што објавија медиумите три јавни набавки со вкупна вредност од 1.5 милиони денари добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Во исто време, во анкетните листови за состојбата на нејзиниот имот, Царовска не го пријавила богатството. 

Ако овие тендери неформалниот сопруг на Царовска со кого живее во вонбрачна заедница ги добил во време на нивната вонбрачна заедница, имотот кој го стекнал неформалниот сопруг се смета за заеднички имот ?!

Експертите кои ги консултиравме сметаат дека тука има простор за делување на Државната комисија за спречување на корупција која за жал е без членови подолго време. Според нив недозволиво е министер во Влада во однос на обврската за пријавување на имотот на партнер од вонбрачна заедница да биде во сива зона и да остава простор за различно толкување на законите. 

Во текст на vecer.mk од 27 мај 2016 година беше објавено дека Мила Царовска била на платен список на СОРОС и дека преку невладината организација ХЕРА заработила 1.415.105 денари

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ќе го пријави имотот на нејзиниот неформален сопруг во анкетниот лист, иако нема законска обврска за тоа, велат од Министерството по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека министерката не го испочитувала законот.

Од Министерството соопштуваат каков имот има невенчаниот сопруг на Царовска. Од таму велат дека тој во своја сопственост има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1.000м2.

„Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ претставува манипулирација со јавноста преку тенденциозно погрешно толкување на законите. Законот не ги обврзува функционерите да поднесуваат извештај за имотната состојба на нивните неформални партнери како што ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја излаже јавноста и не постои можност за поразлично толкување на одредбите од овој закон. Министерката Царовска уредно го има пополнето својот имотен лист и пријавено својот имот и имотот на нејзиното семејство. Иако законски не е обврзана, министерката Царовска заради транспарентност кон јавноста околу имотот на неформалниот сопруг во најбрз можен рок ќе го пријави во анкетниот лист во Државната Комисија за спречување на корупција“, информираа од таму.

Според партиските соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, сопругот на Царовска, Горан Георгиев, е неколкукратен добитник на милионски тендери од институции со кои раководи СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.