Министерството за култура незаконски даде 3 милиони денари надвор од годишната програма за опера за Скендербег

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 7:36

Министерот Адеми незаконски додели 3 милиони денари за опера за Скендербег?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за култура ќе даде 3 милиони денари за операта „Скендербег“, пари кои не се дел од буџетот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата.

Министерот за култура Асаф Адеми на крајот на јули на својот профил на Фејсбук објави дека „годинава ‘Славниот Ноември’ ќе биде поинаков“.

„Овој пат ќе се одбележи на достоинствен начин и со институционална поддршка на албанските уметнички и културни вредности! Во пресрет на 550-годишнината од смртта на националниот херој, Ѓ.К. Скендербег, потпишав одлука да на 28 ноември оваа година, во Големата сала за опера и балет да биде претставена премиерата на операта ‘Скендербег’. Честито!“, напиша Адеми на Фејсбук.

На прашањетона кој конкурс е избрана операта „Скендербег“, со оглед на тоа дека ја нема во годишната програма, која беше објавена во февруари годинава, од неговиот кабинет ни одговорија дека операта „Скендербег“ не е составен дел од годишната програма за 2018 година, но Македонската опера и балет во текот на 2018 година до Министерството за култура доставила пријава за премиера на операта „Скендербег“.

„По претходното добиено мислење од надлежниот Сектор за нормативни управани работи член, согласно Законот за културата и членот 1 ставови (3) и (4), членот 4 ставови (2), (4) и (5) од Договорот за учество во финансирањето на Годишната програма за работа на НУ Македонската опера и балет – Скопје за 2-18 година од областа на музичка и музичко-сценска дејност не постојат законски пречки за измена на годишната програма на установата, доколку за проектот се обезбедат средства од Буџетот на РМ и согласно комисијата за музичка сценска дејност за 2018 година, Васо Ристов (претседател), Рами Мустафа член и Маријана Николовска, Програмата за Националната установа се измени со потпишување на анекс догововорт помеѓу Министерството за култура и Македонска опера и балет“, велат од Министерството за култура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести