Државата бара и алтернативи за рускиот гас. Бектеши е дециден дека земјава нема да го плаќа во рубљи, ако така одлучат и другите Европски држави. Доколку Русија

Објавил: Перо Милчин | 22 јули, 2022 16:31

Министерот Бектеши очекува тешка и непредвидлива зима

Фото/Текст извор: ©камал 5/магазин.мк

Следниот месец нова кризна состојба на пазарот со струја – најави министерот за економија Крешник Бектеши. 

Ова се прави се со цел ЕСМ да може со 100те милиони евра од ЕБОР да набавува мазут и јаглен. Државата прави напори да ги стави во функција сите домашни енергетски капацитети. Третиот блок на РЕК Битола, но и централите Осломеј и Неготино. Ако се оди според предвиденото, и доколку нема забрана за увоз на струја како што еднаш тоа го направи Бугарија – Бектеши не очекува да имаме рестрикции со струјата зимава која се најавува како најтешка досега.

„Ние планираме да ја ставиме во функција Комисијата и согласно закон и да прогласиме кризна состојба. Таа комисија согласно закон и правилник, предвидува различни мерки, вклучително и рестрикции. Било тоа меки мерки или други мерки.“ изјави Крешинк Бектеши, министер за економија.

Државата бара и алтернативи за рускиот гас. Бектеши е дециден дека земјава нема да го плаќа во рубљи, ако така одлучат и другите Европски држави. Доколку Русија ги затвори вентилите и за нас, преку писмо ќе се бара Газпром да ослободи дел од цефките за да може да се набавува од други земји.

Во игра е и опцијата – топланите наместо на гас, да работат на мазут за кој Бектеши тврди дека го имаме во доволни количини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести