Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми, истакна министерoт Бочварски.

Објавил: Перо Милчин | 12 јуни, 2021 8:21

Министерот Бочварски во Неготино најави силен инфраструктурен развој на општините

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со 20 милиони денари реконструираме две улици во Неготино преку проектот за „Поврзување со локалните улици во општините”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при неодамнешната работна посета во општина Неготино. 

Капиталните проекти во општините се од огромно значење за урбаниот развој и локaлната еконoмија и затоа Владата ќе продолжи да ги поддржува локaлните самоуправи преку разни владини програми, истакна министерoт Бочварски. 

Тој заедно со грaдоначaлникот Тони Делков, извршија увид во изградбата на социјaлната згрaда како и реконструкција на две улици во општината. 

Со градоначалникот го потпишавме договорот за реконструкција на улицата Антигона во должина од 1900 метри и улицата Едвард Кардељ во должина од 560 метри.  Ове е дел од проектот за Санација и изградба на локалните улици и патишта што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски.  Вкупната вредност за реконструкција на овие улици изнесува 20 милиони денари и очекуваме дека за десетина месеци комплетно да бидат реконструирани. Исто така со градоначалникот извршивме увид во изградба на социјалната зграда. Очекуваме овие 62 станови комплетно да бидат завршени за отприлика за два месеци, а потоа министертвото да распише јавен оглас за распределба”, изјави министерот Благој Бочварски.  

Министерот додаде дека преку ЈП за државни патишта се работи и на двата моста на патниот правец Лакавица – Неготино, а во летниот период започнува и реконструкција на патниот правец Неготино – Глишиќ. 

За градоначалникот инвестицииите во општината ќе го подигнат развојот на локалната самоуправа и економијата како и подобрувањето на животот на гарѓаните.  

Со завршување на овие две улици, преку буџетот на општината ќе реконструираме и неколку другу улици во градот и наслените места. Исто така со заем од Светска банка обезбедивме средства од 19,8 милиони денари за санација на 9 улици во градот. Преку Владата дополнително ќе реконструираме една улица во село Тимјаник како и изградба на водоводна мрежа во село Требник. Имаме план и за изградба на јужна и северна обиколница Неготинио”, изјави градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...