Времето ќе покаже дали се точни добиените информации дека Никола Димитров има бекап опција за работен ангажман и кариера надвор од МНР и Македонија

Објавил: Данаил Михајловски | 6 јуни, 2019 21:57

Министерот Димитров ја доби жалбата против текстот “Никола Димитров си бега од земјата на која и го смени името“!

Фото/Текст извор: ©магазин

На 7-ми мај  2019, Магазин објави текст со наслов “Никола Димитров ‘си бега‘ во јуни, од земјата на која и го смени името“ во кој напис ги изнесовме нашите сознанија од дипломатски извори, дека министерот за надворешни работи Никола Димитров наскоро ќе ја напушти Македонија и заминува на ново работно место како виш советник и аналитичар во “Брукингс Институтот“ во Вашингтон.

Ги објавивме и сознанијата добиени од истиот дипломатски извор дека министерот остварил и неколку разговори со одговорниот менаџер на овој истражувачко-политички институт, за позицијата, за работните обврски, како и за месечната плата која би му изнесувала околу 12-14.000 долари бруто. Димитров оваа своја бекап опција му ја соопштил и на премиерот Заев на почетокот на март оваа година, откако видел дека дефинитивно тој нема да биде кандидатот на власта за претседател на државата, понуда на која искрено се надевал и ја очекувал после ставањето на својот потпис за “Северна Македонија“ на Преспанскиот договор.

Во ваквата објава министерот Димитров препознал “говор на омраза, неточно и нефер информирање, нарушување на приватноста, навреда и клевета“ по што уште следниот ден поднел жалба до Советот за етика во медиумите. Комисијата за вакви жалби, во состав Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Теофил Блажевски, Лилјана Илиеска и Ердем Ахмет, истата ја прифатила како основана, согласно членовите 1 и 13 од кодексот на новинарите, кои се сметаат за повредени.

Во ваквата објава министерот Димитров препознал “говор на омраза, неточно и нефер информирање, нарушување на приватноста, навреда и клевета“ по што уште следниот ден поднел жалба до Советот за етика во медиумите. Комисијата за вакви жалби, во состав Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Теофил Блажевски, Лилјана Илиеска и Ердем Ахмет, истата ја прифатила како основана, согласно членовите 1 и 13 од кодексот на новинарите, кои се сметаат за повредени.

Магазин како портал ја цени одлуката и образложението на истата, но исто така сметаме дека јавните личности како што се министрите, пратениците, градоначалници и други, треба да покажат повисоко ниво на толеранција за сознанијата кои се објавуваат за нив, а чии извори (во случајов дипломатски извор) инсистираат да останат неоткриени. Јавноста и во такви случаи има право да дојде до добиената информација и да просуди за нејзината релевантност или веродостојност. Впрочем, времето најдобро ќе покаже дали и колку се точни добиените дипломатски информации дека министерот Никола Димитров има бекап опција за работен ангажман и кариера надвор од МНР и надвор од Македонија, ова лето, оваа година, или пред истекот на неговиот мандат. Читателите се сепак најбитни во соопштувањето на нашите информации и Магазин ќе продолжи да го следи тој принцип како свој приоритет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“...

Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот...