Министерка за одбрана на Германија Урсула фон дер Лејен побара од Русија да има дијалог од "позиција на сила" на што доби горчлив одговор

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 6:39

Министерот за одбрана на Русија до германската колешка: “Прашајте си ги дедовците дали ви е паметно!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот министер за одбрана ја потсети  германската колешка дека пристапот кон Москва од “позиција на единство и сила” не е најмудрата идеја потсетувајќи на горчливата историја од Втората светска војна поради која Берлин треба да биде повнимателен.

“Ние сме отворени за дијалог. Ние сме подготвени за нормална соработка но воопшто не од позиција на сила.” – изјави Сергеј Шојгу за телевизијата Русија 24. “Сигурно се надевам дека времето кога со нас се разговарало – како што некогаш некои велеа – како земја од втор или трет ред сега е неповратно поминато.”

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен неодамна повика на дијалог со Москва само од “позиција на единство и сила” за што Шојгу ја потсети колешката дека додека Русија бара мир нема да толерира да биде принудена.

“По сето она што Германија и го направи за нашата земја мислам дека не треба да зборуваат за ова прашање за уште двесте години.” – рече Шојгу.

“Прашајте си ги бабите и дедовците за нивното искуство кога се разговара со Русија од позиција на сила. Веројатно ќе можат да ви кажат”.

Шојгу вели дека НАТО вклучувајќи ја и Германија не може да се справи со реалноста дека Русија се враќа на светската сцена како независен актер со силна и моќна воена сила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести