Братот на министерот за земјоделие, прво отворил компанија за шпедиција, а следниот ден бил вработен во Царинската управа, што е и непотизам и конфликт на интереси

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 7:50

Министерот Николовски си го вработи братот во Царина, откако отвори шпедиција

Фото/Текст извор: ©infomax.mk

Откако медиумите објавија класичен пример за непотизам во М-НАВ уште еден скандал со непотизам ја тресе владата на СДСМ и премиерот Заев.

Имено според информациите со кои се располага дури пет членови од семејството на еден од актуелните министри се вработени во М-НАВ, една од државните институции со најголеми плати во Македонија.

Но ова не е изолиран случај на непотизам во Владата на СДСМ.

Имено и братот на министерот за земјоделие, Љупчо Николовски е штотуку вработен на во македонска Царина, информира порталот Инфомах.

Она што е поголем момент од непотизмот, е информацијата дека братот на Николовски неодамна отворил и фирма за шпедиција.

Со оглед што тој работи на царина многу проблематично е што тој воедно е сопственик на компанија за шпедиција што впрочем станува збор за класичен пример на конфликт на интереси?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести