Од Министерството преку соопштение до медиумите соопштија дека всушност кај нас до сега има направено две тестирања од кои едно во 2018та година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019та година, на ограничен простор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2020 20:18

МИОА: Лажни се вестите дека во Македонија има пуштено во употреба 5Г мрежа!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од Министерството за информатичко општество и администрација соопштија дека во Македонија нема 5Г мрежа. Од МИОА ги демантираа информациите дека деновиве во Македонија се прават тестирања за 5Г мрежа и дополнуваат дека сите грижи за здравјето на македонските граѓани е неосновано.

Што се однесува до фреквенцискиот спектар, мрежите од 5G се поделени во две групи – една со под 6 GHz и над таа граница. Европската унија го прифати спектарот од 700 MHz и 3,5 GHz во првата група и 26 GHz во втората група. Но во Македонија се уште нема 5G мрежа.

– Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани. Информациите кои се појавија во јавноста, дека деновиве се прават тестирања се неточни, соопштија од МИОА.

Од Министерството преку соопштение до медиумите соопштија дека всушност кај нас до сега има направено две тестирања од кои едно во 2018та година во органичени и строго контролирани лабараториски услови, и второ тестирање во 2019та година, на ограничен простор.

– Ги повикуваме сите извори на лажни вести, да престанат со објавување на дезинформации кои имаат единствена цел да создаваат недоверба и паника кај граѓаните. Исто така, апелираме сите граѓани внимателно да бираат од каде се информираат и да ги проверуваат изворите на информации, апелираа од МИОА.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести