Бањајќи се на плажа во местото Пољица недалеку од Трогир некој фотографирал глетка која избезуми бројни капачи.

Објавил: Весна Петровска | 21 јули, 2019 10:35

Мислам дека ќе ми пукне срцето – Огромен пајак ги преплаши капачите на Јадран

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Неверојатна случка се случила на Јадранското море.

Социјалните мрежи преплавени од фотографии од пајакот кој го виделе за време на одмор.

Но ова не е прв патда се видат бројни животни како пливаат по Јадранот – змија, кокошка, коза, а сега и огромен пајак.

Бањајќи се на плажа во местото Пољица недалеку од Трогир некој фотографирал глетка која избезуми бројни капачи.

Имено, на фотографијата објавена на Фејсбук страницата Дневна доза просечен Далматинец се гледа како на заштитната ограда во морето се качил огромен пајак.

Многумина во коментарите признаа дека ова ги одвратило од бањањето.

Оваа фотографија ја направија капачите на јадранското приморје

„Се сум очекувала ама ова? Нема пливање до бовите повеќе“, „Нема повеќе да се бањаме“, „Би умрела истата секунда ова кога ќе го видам“, „Би ми прснало срцето“, „Јас повеќе не влегувам во море“, напишаа тие.

Морските пајаци се суштества со чуден изглед кои живеат во морињата и океаните и обично поседуваат 4 пара на екстремитети за одење, но во некои случаи можат да имаат 5 или 6 пара. Тие практично немаат тело и пробосцис. Овие животни се малку проучувани и малку се знае за нив.

Морските пајаци можат да се најдат насекаде, од крајбрежни тропски води, па до половите. Тие исто така можат да се најдат на длабочини од 7,000 метри, но се далеку почести во поплитки води. Големи се од неколку милиметри, па до џинови со должина на екстремитетите од 75 сантиметри. До доцните 1990-ти постоеле околу 1,000 видови познати на науката и поделени во 8 фамилии и 86 родови. Тие се чести во Средоземното Море, Карибите и околу половите, а не е тешко да се најдат на каменести подлоги.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.