Поп пејачот Џастин истакна дека деталите за својата здравствена состојба ќе ги објави на Јутјуб. Бибер најави дека на Јутјуб ќе објави видео, односно дека има план да направи  документарна серија за неговата болест и луѓето да видат колку многу тој се бори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 10:41

Мислат дека се дрогирам и затоа сум пропаднат- Џастин Бибер тешко болен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот поп пејач и миленикот на девојките по долго време откри голема тајна поврзана со неговото здравје. Имено Џастин Бибер на својот Инстаграм профил сподели дека пати од неизлечива болест.

Многумина зборуваат дека изгледам како пропаднат, дека се дрогирам и слично, а не гледаат дека сум болен. Неодамна откриено е дека патам од лајмска болест која се одрази на мојата кожа, мозочната функција, енергија и целокупната здравствена состојба, навел канадскиот пејач.

Поп пејачот Џастин истакна дека деталите за својата здравствена состојба ќе ги објави на Јутјуб. Бибер најави дека на Јутјуб ќе објави видео, односно дека има план да направи  документарна серија за неговата болест и луѓето да видат колку многу тој се бори.

Џастин Бибер боледува од неизлечива болест

Лајмската болест е инфекција предизвикана од бактерија Borrelia burgdorferi (Bb) која ја пренесуваат заразените крлежи од родот Ixodes.

Идолот на милиони тинејџери, Џастин Бибер и на неговата вереница Хејли Болдвин пред две години го кажаа „судбоносното да“. 

Џастин и Хајли првпат се венчаа во септември 2018 во Њујорк, а пред втората церемонија Џастин својата избраничка ја разнежни со објавите на социјалните мрежи. Двојката се познава од 2009 година, а пејачот тогаш беше во врска со познатата пејачка Селена Гомез.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.