На Мисоски како да му е прв ден на работа, па убедува дека ВМРО - ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО интеграции, иако суштински уставните измени се за промена на името и идентитетот

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 14:54

Мисоски со драмска едночинка од собраниската говорница

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот на НСДП Горан Мисоски, злоупотребувајќи ја собраниската говорница од прес центарот, се обрати од функцијата потпретседател на Собранието на Македонија со партиски говор.

Имено и Мисоски како и неговата колешка Ременски, повика ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат внатрешните несогласувања и да не го спречуваат ЕУ интегративниот процес.

Тој ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени.

Не сакам да поверувам дека пратениците и раководството на ВМРО – ДПМНЕ ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција, преостануваат единствено избори. –  рече Мисовски.

Тој не сакаше да коментира за можните притисоци врз пратениците. Според него тоа е работа на МВР и извршната власт.

Исправени сме пред одлука која ја дефинира иднината на државата. Имаме обрска да го следиме гласот на оргомното мнозинство. Владинот предлог е достапен, се потврди дека не се губи ништо туку се зајакнува македонскиот идентитет. Одлуката да се гласа за уставните измени ги зацрстува територијалниот интегритет, државноста и грижата за малцинствата. За многу прашања жестоко сме се расправале, но за ЕУ и НАТО секогаш сме биле согласни. -додаде Мисовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.