Не е прецизирано каков товар е во прашање, иако е познато дека бродот ќе доплови до пристаништето Лука Тартус, каде ќе биде извршено истоварањето

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 ноември, 2019 21:58

Мистериозен брод плови од Русија кон Сирија: Путин му испрати на Асад 400 контејнери, но никој не знае што има во нив

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Огромен теретен брод Спарта, исплови од Русија кон Сирија, а во него се наоѓаат 400 контејнери со мистериозна содржина.

Бродот веќе го помина Босфор и заплови во Средоземното море. Инаку, бродот пловеше со величина како еден фудбалски терен, кој може да носи 450 контејнери, од кој секој е тежок 22 тони.

Не е прецизирано каков товар е во прашање, иако е познато дека бродот ќе доплови до пристаништето Лука Тартус, каде ќе биде извршено истоварањето.

Рускиот и турскиот лидер на почетокот на месец ноември телефонски разговараа пред турските воени воздушни напади, врз курдските позиции во сириските погранични градови Тел Абјад и Рас ал-Аин, како и Камишли, главниот град на Курдите во северо-источна Сирија. Исто така следеше и копнен напад.

Турската офанзива започна откако американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ги повлекува американските сили од овој регион, на тој начин отворајќи пат за турска воена интервенција.

Рускиот лидер Владимир Путин се претпоставува дека го одобрува воениот напад од страна на Турција во североисточна Сирија, но има свои црвени линии, вклучително и дека не сака трајна окупација на сириската територија од страна на Турците, изјавуваат аналитичарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.