ОДРЕДЕНИ ЗА ТАА ЦЕЛ ПОДОБНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ СО ПРОТИВУСТАВЕН ЗАКОН КОЈ ДИРЕКТНО ЈА ПОДРИВА ПРВНАТА ДРЖАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 декември, 2019 23:47

Митко Чавков: ЕДНА НЕПРАВДА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА СО ДРУГА НЕПРАВДА!!!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште една битка е изгубена, но војната ќе ја извојуваме во Стразбур, пишува фејсбук статус бившиот началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и бивши директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков неодамна беше осуден на 18 години затвор, за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

Судијката Добрила Кацарска во образложението изјави дека Чавков бил носител на златната команда на 27 април и иако знаел дека толпата ја тресе оградата пред Собранието и влегува внатре, не дал наредба за интервенција на полицијата.

Митко Чавков преку неговата ќерка која го менаџира неговиот ФБ профил, објави отворено писмо во кој ја коментира одлуката на уставниот суд, во кој како што вели тој правдата за пресудата ќе ја побара во Стразбур. Тој вели дека причината за владеење на правото и правото на фер судење за сите опфатени со постапката, се во ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА.

Митко Чавков работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работел како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија. Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

Ви го пренесуваме во целост неговиот Фејсбук статус.

За Уставниот суд и Иницијативата за испитување на уставноста на Законот за амнестија:

– Почитувани пријатели, пред да се осврнам на одлуката на Уставниот суд, за да не се искривува вистината, сакам да потенцирам дека:
Прво, не поднесов барање за амнестија убеден дека Законот е дел од политички процес кој се одвиваше паралелно со судскиот процес и на самиот крај од доказната постапка, финишираа амнестиите со кои беа опфатени само оние со цена на политичкиот пазар и кои беа донесени од притвор за да ги гласат уставните измени, тоа дефинитивно беше селективо и на штета на владеењето на правото а на линија на воспоставениот принцип на не казнивост токму од менаџерите на процесот;
Второ, јавно преку медиуми и Основен суд Скопје, го повикав тогашниот претседател Иванов да ме изземе од списокот на лица за кои имало Иницијатива за помилување, доколку се одлучеше да решава пред истекот на мандатот. Се разбира дека инсистирав да биде и беше објавен мојот повик во медиумите.
Зошто ги сторив двете работи….. ???!!!
Причината е едноставна, владеење на правото и правото на фер судење за сите опфатени со постапката и во ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА.
Нити се задоволи ниту пак ќе се задоволи чувството на правда затоа што се тргна од вообичаената пракса, од за среќа мал дел на судии и обвинители кои и во минатото и сега тргнуваат од логиката дека за да се задоволи чувството на правда НЕКОЈ МОРА ДА ПЛАТИ, се разбира, тоа се поданиците на политичките влијанија.
А сега за одлуката на Уставниот суд, без да ја коментирам, КРАТКО: ЈА БЕТОНИРАА ПРАКСАТА НА ПОЛИТИЧКИ ПАЗАР И ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ПРЕКУ ОДРЕДЕНИ ЗА ТАА ЦЕЛ ПОДОБНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ СО ПРОТИВУСТАВЕН ЗАКОН КОЈ ДИРЕКТНО ЈА ПОДРИВА ПРВНАТА ДРЖАВА И ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО.
За целта на Иницијативата, се раководев од идеата да се отвори стручна и академска расправа , па можеби ќе слушнавме дали постои некаде во светот пример на СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКА АМНЕСТИЈА. Тоа го потенцирам за да е јасно дека никако не беше целта како што коментира една ОБВИНИТЕЛСКА “ЅВЕЗДА” ВЕЌЕ ВО ПРОЦЕС НА СОГОРУВАЊЕ И ИСЧЕЗНУВАЊЕ да бидат амнестирани сите инволвирани во настаните од 27 април – НАПРОТИВ!!!!

ЕДНА НЕПРВДА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА СО ДРУГА НЕПРАВДА!!!
За крај, имаме јавни признанија од најповиканите носители на политичка моќ за одлучување кои експлицитно објснуваат зошто е донесен токму таков закон ….
Уште една битка е изгубена, но војната ќе ја извојуваме во Стразбур!!!
Борбата продолжува, со силата на правните аргументи!!!!
п.с. Благодарност на мојата ќерка која го менаџира мојот ФБ профил…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...