Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме – порача Јанчев.

Објавил: Владо Марин | 26 септември, 2020 12:59

Митко Јанчев: „Дај Боже да сме сите како Зоран Заев, државата ќе ни стане Швајцарија“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.

Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.

Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме ќе бидеме како Швајцарија – порача Јанчев.

Тој е сопственик и управител на ДПТУ Кожувчанка од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Јанчев во своето 13 годишно раководење со компанијата вовел нови стандарди во раководењето а компанијата го привлекла светски познатиот бренд Синалко од Германија!

Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија и Претседател на Регионалната Стопанска комора во Кавадарци.

Митко Јанчев бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци каде бил и донатор.

Донирал и во образованието а една од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци и ја основал противпожарната служба во градот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.