Имено тој со видеото се надоврзува со бариерата која ја постави Франција, односно претседателот Макрон за датум за отпочнување преговори за Македонија и Франција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 октомври, 2019 15:38

Михајловски се пошегува за ЕУ: Кога на дете ќе му кажат дека не оди на одмор туку на село

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот македонски актер Тони Михајловски реши малку да се пошегува па на својот профил на Фејсбук сподели видео од Макрон околу почнувањето преговори за ЕУ.

Тони Михајловски на својот Фејсбук профил објави видео од Макрон

Имено тој со видеото се надоврзува со бариерата која ја постави Франција, односно претседателот Макрон за датум за отпочнување преговори за Македонија и Франција.

– Како на детето кога ќе му кажат дека нема да оди на одмор, туку на село кај маќеата на татко му, напиша актерот во описот на видеото кое го сподели на Фејсбук.

За потсетување, Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ.

 

Инаку денеска и социјалната мрежа Твитер гореше по  повод очекувањето дали ЕУ ќе ни даде да почнеме со пристапните преговори, откако на социјалните мрежи се огласи и Миле Паника.

– Неќеле ваква багра како нас во ЕУ. Нека им каже некој дека ако ни дадат датум има шанси да си останеме овдека, ако не ни дадат, сите ќе им се иселиме таму, па нека му ја мислат, напиша тој во свој стил.

За потсетување, во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија.

Засега не е јасно дали проширувањето ќе биде на дневен ред денеска или утре, претседателот на Европскиот Совет треба да ја прецизира агендата на разговори утрово.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...