Затоа ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2021 5:28

Мицевски за оставката на Филипче: Велите оставката е поднесена, но, каде е?

Фото/Текст извор: ©магазин

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на вчерашната собраниска седница, а во врска со оставката на министерот и заменик министерот за здравство укажа на членот 219 од Деловникот за работа на Собранието, кадешто се вели дека член на Влада може да поднесе оставка и ја повикува Владата согласно Устав и Деловник да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.

„Вие велите оставката е поднесена, каде е оставката? Оставката на член на Влада до претседателот на Собрание се произнесува преку претседателот на Владата, ние ја немаме добиено уште, доколку е доставена“, рече Мицевски.

Мицевски и посочи на Владата дека се многу несериозни како владејачко мнозинство. Меѓу другото тој кажа дека  мора да знаат дека темата е многу сензитивна.
И навистина е несериозно во ситуација кога слушаме дека министер и заменик министер дале оставка, тие да не бидат процесуирани односно донесени до Собранието во рокот којшто го имаа во изминатиов период, пренесе Фокус!

Затоа ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.

Како би можеле ние согласно член 220 да ја констатираме и затоа барам еден час пауза, за да во тој еден час биде доставена оставката и да завршиме веќе со оваа фарса, истакна Мицевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика