Метлата на Заев ја вжешти реториката на политичката сцена

Објавил: Узунов Бобан | 23 април, 2019 12:29

Мицковски до Заев: Да се исчисти тој што треба да направи чистка !

Фото/Текст извор: ©магазин

Метафората со метлата на Зоран Заев која требаше да симболизира дека владејачката партија ќе се прочистува после изборите очигледно го постигна својот ПР ефект но на штета на премиерот Заев и СДСМ. Социјалните мрежи вријат од прозивки на фунцкионери и политичари од СДСМ кои треба да бидат пред “метлата” на Заев. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев дека не е до чистката која треба да се направи, туку е до тој што треба да исчисти !

Познатиот интелектуалец, поранешен амбасадор и колумнист Арсим Зеколи се придружи на низата критики против власта за ПР настанот на СДСМ со партиската метла и на твитер напиша дека генералка во Владата е кога Зоран Заев и Радмила Шеќеринска ќе си поднесат оставка.

Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.
Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.
Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата. 
Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.
Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.
Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.
Време е за правда, за Македонија! 

(фејсбук статус на Христијан Мицкоски)

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести