Сите зборуваме за загадувањето, за нашите депонии, за токсичноста на нашите воздух, почва и вода, но како и да завртиш, излегува дека не сме способни да се фатиме во костец со проблемот.

Објавил: admin@magazin | 1 ноември, 2019 14:55

МИЦКОВСКИ: Најголемата загаденост е во мозоците на власта!

Фото/Текст извор: ©Dw

Јасно е дека не е сѐ предизвикано од власта, но власта која не презема ништо, напротив, само ветува промени, додека некого штити или недејствува околу загадувањето, е најголемиот виновник. 

Сите зборуваме за загадувањето, за нашите депонии, за токсичноста на нашите воздух, почва и вода, но како и да завртиш, излегува дека не сме способни да се фатиме во костец со проблемот.

Науката стаса до таму да квантифицира колку од аерозагадувањето завршува во плацентата, колку микрограми пластика завршуваат на дното од океаните, додека во Македонија, секое истражување, секој обид јасно да се детектираат жариштата на загадување, за воопшто да може да се почне до дизајнирање на одржливи политики, завршуваат со популистички ветувања и потоа генерално со непреземање ништо. За надежта дека ни има спас, едно големо, супертоксично – ништо.
Сега голем број невладини организации, поединци, па и меѓународни истражувања, ни посочуваат на главните проблеми, на изворите, на полињата на кои треба да се дејствува, но нашите власти упорно одбиваат да преземат било што.

Од време на време, ќе ни се соопштат некакви смешни вонредни мерки (како и се друго во оваа земја, така и мерките против загадувањето мора да се вонредни), како на пример еден ден бесплатен јавен сообраќај. Или, ќе ни објаснуваат „генијалците“ од кабинетите дека домаќинставата се најголемиот загадувач, наспроти меѓународните истражувања кои говорат дека тоа е првично индустријата, па домаќинствата, па дури потоа отпадот и земјоделството. Но не, за нашите власти најлесно е да се каже дека највиновни се домаќинствата, затоа што тоа е најлесното алиби – најлесно е вината да се префрли на сиромашните домаќинства, кои социјалната беда ги принудила да се греат на некавалитетни дрва или на којзнае веќе што.

Јас не сум експерт за областа и немам намера да се обидувам воопшто да го аргументирам секој податок или став. Но, за да се разберат некои приземни манипулации и да се детектираат очигледни нелогичносто, човек и не мора да е експерт.

Затоа, имам намера логички да го пренесам тоа што вистинските експерти го зборуваат, тоа што веќе сите здраворазумски го знаеме, а политиката, едноставно, го игнорира.

Колумна на Ивор Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...