Лидерот на опозицијата со почит традицијата и религијата

Објавил: Узунов Бобан | 29 април, 2019 10:57

Мицковски: Постев 40 дена за време на целата изборна кампања !

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, радосната вест за Исусовото воскресение ја слушна во црквата „Св.Петар и Павле“ во скопската населба Ѓорче Петров. На полноќната литургија беше заедно со сопругата Рози Мицкоска. 

Пост е воздржување од храна (или само некои видови на храна) во оние денови кои се одредени според каноните односно Црквата. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил Господ, Исус Христос, од времето кога постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш пa наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости.
Христијаните кои побожно и редовно го запазуваат постот, го прават тоа како подготовка за Света Причест со Телото и Крвта Христови. Најстрог пост има во Исламската вера и Православното Христијанство. Во Католичката црква, постот не е толку значителен како во Православието.

Го испочитував големиот 40-дневен пост, тешко беше со кампања, но кога се сака, ништо не е тешко. Секоја година го постам велигденскиот пост, исто и годинава, издржавме, можеби е прегрубо да кажам издржавме, затоа што ова го правиме затоа што сакаме и така сме решиле. Годините наназад кај мене тоа е пракса, а традиција е и во семејството. Кога се сака, ништо не е тешко, иако годинава беше малку понапорно поради кампањата за претседателските избори, но веќе сме при крај. Им го честитам овој голем празник на граѓаните, многу здравје, среќа и успеси за нив и за нивните семејства, да ни биде среќна годината што ни доаѓа, да бидат пред се задоволни од тоа што го прават и да си ја сакаме татковината Р. Македонија- изјави Мицкоски.за екипата на 1ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.