Дали ќе се поништува Преспанскиот договор ?

Објавил: Узунов Бобан | 15 јули, 2019 9:05

Мицковски спремен повторно да го отвори прашањето за името, дали е спремен Мицотакис ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Eвроперспективите не се нивна сопственост и тие немаат никакво право да ја укинуваат иднината на граѓаните. Затоа јас и сите мои соработници се ангажиравме да лобираме Македонија да добие датум во октомври, вели лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во интервју за српска „Политика“, коментирајќи ја работата на Владата во евроинтеграциите. 

Последните изјави на Мицотакис во врска со македонското прашање беа дека Преспанскиот договор не може да се раскине еднострано и дека неговата партија Неа Демократија ќе го почитува истиот. Новиот министер за надворешни работи на Грција Дендиас изјави дека Грција има моќно оружје во преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ. 

Тој уште еднаш повтори дека е спремен да почне нови преговори со Грција за името, доколку Мицотакис е спремен за тоа.

„Доколку и Грција покаже спремност за тоа, не гледаме причина зошто ова прашање не би го отвориле одново. Меѓународните партнери поддржуваат договор меѓу двете земји, но неговата содржината им е од второстепено значење. За нив ќе беше прифатливо што и да се договоревме“, посочува Мицкоски.

Според него, владината реконструкција била со намера Заев да дојде до поголема моќ.

„Заев ја направи реконструкцијата да се дограби до парите на граѓаните, а притоа никој да не го контролира. Единствена цел на целата операција беше тој и неговото семејство да имаат 100% контрола врз буџетот. На граѓаните им е преку глава од Зоран Заев. Се што кажа излажа“,  вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Не треба државата и народот да бидат казнети заради криминалното владеење на Заев. Доколку Македонија не добие датум во октомври, Заев и останатите околу него ќе мора да заминат во политичка пензија, а ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде со нов тим, компетентен и чесен, кој ќе ги спроведе реформите и ќе ја внесе Македонија во ЕУ. Единствена загуба ќе бидат овие три години во кои Заев си донесе живот само за неговите најблиски, а ја врати Македонија десетина години назад“, вели Мицкоски.

Според него, Заев треба да си поднесе оставка по објавената снимка каде наседнува на пранкот на руските комичари.

„Другите политичари кои биле таргет на комичарите ја сфатиле измамата после десетина минути. Зоран Заев не ја сфатил ниту после една година. Според неговото признание, доколку не биле објавени снимките, тој се уште ќе мислел дека комуницира со вистинските Порошенко и Столтенберг. Значи не еднаш или два пати, туку којзнае колку пати Заев комуницирал со нив. Сега гледаме дека им испраќал и пораки и фотографии. Ги нарушил сите дипломатски протоколи. За жал нарушувањето на протоколите не се единствениот проблем. Од снимките се слуша дека премиерот Заев е подготвен да влета во коруптивен скандал и да дава поткуп на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Човекот мисли дека сите функционираат како него. Јас не верувам дека има сериозен меѓународен партнер кој би споделил со Заев чувствителна информација, откако слушна како ги прераскажува состаноците и разговорите и како споделува фотографии со личности по телефон без да провери со кого комуницира“, вели Мицкоски кој бара техничка влада и предвремени избори.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.