Мицкоски изјави дека не верува дека има ќе има некаков пост изборен инженеринг, и тешко ќе се дозволи да има калкулации врз победата на ВМРО-ДПМНЕ која што е ќе биде извесна на следните избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 23:30

Мицкоски: Ако има предвремени избори ВМРО победува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вечерашното издание на емисијата Топ Тема, на телевизија Телма гостуваше претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Тој вечерва истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и дека победата е извесна.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма Телевизија, рече дека доколку има предвремени избори  ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и ќе формира нова Влада.

-Јас сум убеден дека победуваме, формираме влада и тогаш вистински Македонија ќе биде пред вратата на ЕУ, вели Мицкоски.

Мицкоски изјави дека не верува дека има ќе има некаков пост изборен инженеринг, и тешко ќе се дозволи да има калкулации врз победата на ВМРО-ДПМНЕ која што е ќе биде извесна на следните избори.

-Доколку има такви избори, но не верувам, затоа што имаме работа со луѓе кои што не секогаш стојат на зборот и најчесто не ја кажуваат вистината, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Извор: Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести