На Фејсбук Мицкоски напиша дека во текот на 2021 година приходите во буџетот изнесувале околу 3,55 милијарди евра, а расходите биле околу 4,18 милијарди евра.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 јануари, 2022 13:48

Мицкоски: Владата лани секое семејство го задолжи за 77.500 денари

Фото/Текст извор: ©магазин

Во текот на минатата година Владата го зголеми долгот за над 5 проценти, односно секое четиричлено семејство го задолжи за 77,500 денари, пресметал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На Фејсбук Мицкоски напиша дека во текот на 2021 година приходите во буџетот изнесувале околу 3,55 милијарди евра, а расходите биле околу 4,18 милијарди евра.

-Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди евра или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони евра.

Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди евра, што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260 евра или за 77.500 денари, пресмета Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести