ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Објавил: Владо Марин | 9 јули, 2020 20:07

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши проблемот на граѓаните од Пелагонија и ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Се обврзавме на ефикасна и бескомпромисна борба против корупцијата и отстранување на системските аномалии што ја толерираат корупцијата, целосна одговорност и транспарентност, отчетност и ефикасност во работењето на сите институции и државни органи, рече вечерва Мицкоски од Чаир!

ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем на граѓаните од Пелагонија, ќе го изгради автопатот од Скопје преку Прилеп, Битола до јужната граница, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Се обврзуваме на повеќе пари за секој земјоделец! Субвенции од 640 милиони евра, сигурен откуп, едноставни и брзи процедури, 80 милиони евра за нови водоводни мрежи, кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи, повеќе од 50% покривање на трошоците за механизација, добиток и насади. Вистински ќе помогнеме да се смени она што со децении ве мачи. Сега е време за одлуки, велат од ВМРО-ДПМНЕ!

Денеска со претставниците на синдикалната организација, Конфедерација на слободни синдикати, Мицкоски разговараше за практично за политиките коишто идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира и практикува.

Време е да се започне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...