Тој нагласи дека денеска е во Малешевијата, во беровско Будинарци, каде, како што кажа, имал можност од прво лице да се увери во сериозноста на ситуацијата.

Објавил: Владо Марин | 7 август, 2021 18:23

Мицкоски во Берово растовараше камион со вода

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска пристигна во Берово, каде што направи обиколка, а потоа растовараше и камион полн со вода, донација од партијата.

-Би сакал да се заблагодарам на луѓето, тука сме ние колку можеме ќе помагаме, но мора да имаме во предвид дека овие луѓе се вистинските херои коишто вложија вон човечки напор да целата работа ја стават под контрола и да не дозволат населените места овде во Берово бидат изгорени, напиша Мицкоски фејсбук.

Бев информиран дека авионот од типот „Херкулес” што специјално е пратен од Романија во моментов го надлетува теренот и се врши санирање на огнената стихија се до нејзино целосно ставање под контрола.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска пристигна во Берово, каде што направи обиколка, а потоа растовараше и камион полн со вода, донација од партијата.

Се надевам дека во текот на денешниот ден тоа ќе се заврши и жителите овде во Будинарци, во Мачево и во останатите населени места во општините Берово, Пехчево и Делчево ќе можат мирно да спијат и ќе можат понатаму да ги обавуваат нормално своите секојдневни обврски, изјави Мицкоски.

Би рекол стотици хектари шума е изгорена, направена е огромна штета која благодарение на натчовечките напори на пожарникарите, на војската, но и на луѓето коишто дојдоа од Австрија и Словенија пожарот во моментов е локализиран, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.