ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане на браникот на заштита на националните и државните интереси

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2018 10:31

Мицкоски: Во овие тешки времиња, гордост и чест е да се биде на чело на ВМРО ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сведоци сме на ова тешко време за нашата држава, но за мене претставува огромна чест и задоволство да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата е дел од една организација која се формирала многу одамна, па потоа прераснала во политичка партија.

Сведоци сме на ова тешко време за нашата држава, но за мене претставува огромна чест и задоволство да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата е дел од една организација која се формирала многу одамна, па потоа прераснала во политичка партија. Сетоа она бреме историско кое што го носам позади себе е привилегијата на историското ВМРО-ДПМНЕ, но предизвиците кои што се во денешното време и она кое што доаѓа не прават само да бидеме многу повнимателни и да бидеме горди на тоа историско бреме кое што го носиме со себе, но и да бараме солуции на сите предизвици кои доаѓаат и кои во суштина се присутни и денеска.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

– Денот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ навистина е динамичен, но она што помалку или повеќе ми недостасува во овој период беше поголемото внимание на студентите на факултетот и на семејството се разбира. Но, јас сум свесен за историскиот моментум во кој се наоѓа Република Македонија, јас сум свесен дека ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане на браникот на заштита на националните и државните интереси, но и да ги превенира сите оние напади кои и се случуваат на нашата татковина, рече Мицкоски и додаде:

– „Ние мора достоинствено да се носиме со тој предизвик, мора достоинствено да ги совладуваме пречките кои што се пред нас, но и паралелно со нас. Да заклучам, навистина претставува гордост да се биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да се има такви соработници какви што јас имам во моментов во партиската структура“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести