Победа е да влеземе во ЕУ, младите да имаат европско образование, да патуваат, но повторно да се враќаат тука, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Перо Милчин | 4 октомври, 2021 5:58

Мицкоски: Време е за победа

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Карпош порача дека на земјава и треба нова иднина.

Време е за победа, рече Мицкоски, а тоа значи, како што објасни, да се извиниме кога ќе згрешиме, да се почитуваме кога сме различни, да создадеме вредности и принципи, да има одговорност кога треба, да создаваме, да работиме и да одиме напред.

Победа е да влеземе во ЕУ, младите да имаат европско образование, да патуваат, но повторно да се враќаат тука, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште еднаш се осврна на партискиот концепт што значи: промени, проекти и победи.  Зборуваше и за „заеднички патриотизам” – повеќе инвестиции, победа на криминалот и корупцијата, повеќе добро платени работни места.

Обвинувајќи дека актуелната власт изминативе четири години не сторила ништо и не ги реализирала ветувањата, Мицкоски најави победа на локалните избори, а потоа и формирање, како што рече, владино мнозинство.

Да покажеме дека може поинаку и подобро, дека вреди да се бориме против овие измамници и криминалци кои буквално ја опљачкаа и опустошија оваа земја. Само со големи чекори можеме да ги извадиме Карпош, Македонија и Скопје, истакна Мицкоски и ги повика жителите на Карпош да гласаат за кандидатите за гардоначалници, Оливер Зафировски и Данела Арсовска.

Мицкоски во обраќањето го спомна и Петре Шилегов.

Изминативе денови, можеби сте виделе, на власта почна барокот да и се допаѓа, тој барок што го бојадисуваа, што го уништуваа. Ќе видите два билборда на паркингот на ПОЦ кај Македонска телевизија. Едниот е на Петре, отприлика како еден севернокорејски лидер од едната страна на градот да ја опфати, а другиот е на другата страна за нивниот мал Зоран, кандидат за градоначалник на Центар кој исто така наликува на еден севернокорејски лидер, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.