сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Откако премиерот утринава обвини дека според него случајот Рекет води до Мицкоски, тој денеска направи тотален пресврт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2019 17:05

Мицкоски ги има записниците од „Рекет“во кои се наведени имиња од власта!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говореше за синоќешната лидерска средба и за причините поради кои беше постигнат договор.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе го набљудува развојот на настаните.

Откако премиерот утринава обвини дека според него случајот Рекет води до Мицкоски, тој денеска направи тотален пресврт.

Премиерот Зоран Заев денес истакна:

Јас лично мислам дека предметот „Рекет” води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се“.

На ваквото обвинување Мицкоски одговори:

„Нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но, ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот Рекет. Но, истовремено и нардебите за вештачење, како и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта“.

Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе го набљудува развојот на настаните.

-Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, порача Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.