Јас не можам да разберам да раговараме и да преговараме што бил Гоце Делчев и не можам да го разберам претседателот на нашата држава кој што вели дека Гоце Делчев бил Бугарин

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2020 21:29

Мицкоски: Гоце Делчев е државата Македонија, како може претседателот да каже дека е Бугарин!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во своето гостување во емсијата „Заспиј ако можеш“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека тој растел со тоа дека Гоце Делчев е државата Македонија, и вели не му е јасно како може владата да преговара за тоа кој бил Гоце Делчев и да се преговара за тоа дали бил Бугарин.

-Роден сум така, воспитуван, сум го учел тоа, сум служел војска за оваа држава, луѓе гинеле за оваа држава за тоа име. Името на Гоце Делчев ние го имаме во нашата химна, додаде Мицкоски.

Јас не можам да разберам да раговараме и да преговараме што бил Гоце Делчев и не можам да го разберам претседателот на нашата држава кој што вели дека Гоце Делчев бил Бугарин. Ние државата ја темелиме на тоа име, тоа не е за разговори, тоа не е предмет на преговори. Гоце Делчев е државата Македонија. Тоа е исто како да им кажете на Турците што бил Кемал Ататурк. Тоа се работи за кои што не се разговара. Ова држава постои за тоа име, сме го избрале како народ тоа име и сме ја формирале оваа држава, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емсијата „Заспиј ако можеш“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој не може да го убеди дека Гоце Делчев бил нешто друго поинакво од Македонец.

-Роден сум така, воспитуван, сум го учел тоа, сум служел војска за оваа држава, луѓе гинеле за оваа држава за тоа име. Тоа име ние го имаме во нашата химна, додаде Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.