Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 ноември, 2019 15:21

Мицкоски: Гоце Делчев е Македонец и имаме македонски јазик кодифициран од 1977 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји.

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ.

Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето: Синоќа ја завршивте овде средбата во арена Загреб, тет а тет средба со господинот Бојко Борисов, излезе едно видео тој го објави лично на неговиот профил на социјалната мрежа, а се однесува на договорот кој Македонија го има потпишано со Бугарија. Кој е вашиот став за договорот, бидејќи многу информации?

Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев, но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика