сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Гоце Делчев бил Македонец,чие тело било предадено во Македонија во 46та година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јуни, 2019 1:34

Мицкоски: Гоце Делчев е македонски херој

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ  во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека Гоце Делчев е нашиот херој.

Мицкоски на денешното интервју на Канал 5 изјави дека Гоце Делчев е македонски револуционер кој се борел за слобода на Македонија

Мицкоски на ова прашање одговори дека воопшто нема дилема како завршило делото на Делчев, и деа неговите мошти завршиле токму каде што се поради тоа што Гоце Делчев бил Македонец,чие тело било предадено во Македонија во 46та година.

-Сето ова споено значи дека Делчев е еден голем македонец, револуционер, кој што се борел за независна, суверена македонска држава, вели Мицкоски.

Во интервјуто Мицкоски говореше и за актуелната ситуација во Влада, одноно за метлата која долго ја најавуваше премиерот Заев.

Кога Зоран Заев се самопрогласи за министер уште во неделата беше јасно дека е спротивно на правните норми. Од тоа што Заев го ветуваше за промените и метлата нема ништо, се е исто само Тевдовски го нема.

Според него владата и Заев мора да сфатат дека мора да избори час поскоро поради сето ова што се случува во државава.

-Мора да ги натераме да разберат дека ова што го прават не е добро. Мора да го сфатат тоа и да распишат избори што поскоро. Го слушав Заев и вели ќе не смачкал кога и да имало избори. Но, ние сме подготвоне да одиме на избори и да има техничка влада еве и тој нека биде министер за финансии, а Кочо Анѓушев технички премиер, само ајде да одиме на избори. Па тогаш ќе видиме дали ќе не смачкаат, анкетите не говорат така, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.