Се што е јавен интерес со однапред утврдена методологија во која би учествувала и опозицијата и власта ние би подржале, немаме никаква дилема и треба да има, но да ја дефинираме методологијата на учество и на едните и на другите, бидејќи опозицијата може да предлага јавни кампањи и власта бидејќи ние сите работиме јавна дејност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали би подржале јавна кампања за подигање на свеста за вакцинирање на населението од ковид пандемијата.

Не значи дека само тие од власта се набиструмни и можат да дадат најдобри кампањи, може и опозицијата ќе предложи некоја кампања која што е од голем јавен интерес. Затоа велам апсолутно да треба да се вратат јавните кампањи на медиумите, но со заедничко учество и утврдена методологија и од страна на власта и од страна на опозицијата, рече Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2022 5:29

Мицкоски го кани Ковачевски на лидерска средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повикува лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, на средба во седиштето на опозициската партија.

Во интервју за Канал 5, на прашање дали има комуникација со Ковачевски и кога би имале средба, Мицкоски истакна дека се уште нема прецизен термин.

„Нема се уште прецизен термин. Имаше еден колоквијален разговор – ‘би сакал да организираме средба’, реков – ‘во ред да организираме, кабинетите нека договорат термин’. Нема ништо од нивна страна. Така што тоа е тоа. Тој е тој што рече ќе викнел. Ете ја користам оваа прилика повикам да дојде на лидерска средба во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“, рекол Мицкоски, како што пренесоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Се што е јавен интерес со однапред утврдена методологија во која би учествувала и опозицијата и власта ние би подржале, немаме никаква дилема и треба да има, но да ја дефинираме методологијата на учество и на едните и на другите, бидејќи опозицијата може да предлага јавни кампањи и власта бидејќи ние сите работиме јавна дејност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали би подржале јавна кампања за подигање на свеста за вакцинирање на населението од ковид пандемијата.

Не значи дека само тие од власта се набиструмни и можат да дадат најдобри кампањи, може и опозицијата ќе предложи некоја кампања која што е од голем јавен интерес. Затоа велам апсолутно да треба да се вратат јавните кампањи на медиумите, но со заедничко учество и утврдена методологија и од страна на власта и од страна на опозицијата, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.