ФОКУС: Инсистирате на предвремени избори, дури и таа тема беше услов за да се оствари лидерската средба. Убедени сте дека ќе победите, иако според анкетата што ја објави СДСМ тие се во водство околу три проценти?

Објавил: Весна Петровска | 12 септември, 2019 21:52

Мицкоски го повика Заев на избори: Судот нека биде народот!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Христијан Мицкоски во интервју за неделникот ФОКУС одговараше на прашања за актуелната политичка ситуација во Македонија. Тој беше запрашан околу барањето за предвремени избори, еве што одговори:

ФОКУС: Инсистирате на предвремени избори, дури и таа тема беше услов за да се оствари лидерската средба. Убедени сте дека ќе победите, иако според анкетата што ја објави СДСМ тие се во водство околу три проценти?

Интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски за неделникот Фокус

МИЦКОСКИ: Нашите анкети, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ.Така што има еден и единствен начин да се докаже дали ние ја говориме вистината или пак Зоран Заев. Тоа е народот на предвремени парламентарни избори да даде суд за тоа кој е во право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, и покрај сите скандали што во изминатиов период се случуваа, почнувајќи од она однесување на еден градоначалник кој практично на столче, прилично директно разговара со дел од вработените во општината, па дури на моменти е насилен и применува физичка сила. Потоа гледавме како пратеник од владејачкото мнозинство, кој порачува/поседува забранети супстанции, без разлика дали тоа се опојни дроги или масло од канабис, за понатаму да го видиме оној несреќен тендер на генералниот секретар Рашкоски со низа епитети што ги подели за нашите сојузници јужно од екваторот, што би рекол тој, па сè до овојнајголем скандал од независноста, од 1991, па наваму, а тоа е скандалот „Рекет“.

Целото интервју можете да го прочитате во печатеното издание на ФОКУС

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.