Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан со моќен говор по неуспешноста на референдумот, граѓаните го кажале своето, на Заев е да се подготвува за пензија и предвремени избори

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 21:12

Мицкоски: Граѓаните ја испратија пораката, ова е Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски, им се заблагодари на граѓаните за резултатот од референдумот.

Тој рече дека и покрај заканите, Владата не успеала да го спроведе договорот со Грција, а за малтретирањата – ќе одговараат. 

Заев не треба да се подготвува за предвремени избори, вели Мицкоски, туку за трајна политичка пензија.

Бројките јасно го образложуваат расположението на граѓаните. Ова не беше битка за предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активностите за изнаоѓање решенија за проблемите на граѓаните. – рече Мицкоски запрашан дали ќе опозицијата ќе бара предвремени избори.

Претседателот на опозицијата порача дека партијата останува со народот и ќе ја победи власта, а таа си го изгубила идентитетот. Пораката од народот треба да ја почитуваат Владата, Собранието и сите други, рече лидерот на опозицијата.

Тоа што не успеа овој договор е вина на Заев и Владата. Заев ја лажеше меѓународната заедница. Договорот со Грција доби стоп од народот. Народот на Македонија, кој е сопственик на оваа држава, покажа патриотска свест. Граѓаните што гласаа против договорот и оние што избраа со молчење да кажат што мислат, ја испратија најголемата порака, ова е Македонија. – рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека овде живеат Македонци, идентитетот е македонски, предците се Македонци и такви ќе бидат наредните генерации.

Ќе одговарате за наполнетите кутии во Сарај, Струга, Бутел, каде што се обидовте да ја фалсификувате волјата на народот. Ќе дојде часот кога ќе треба да објасните како приватните броеви на граѓаните се најдоа во рацете на кол-центрите на СДСМ. Ќе одговарате што локални шерифи на СДСМ, директори и функционери на СДСМ, ги малтретираа граѓаните да излезат да гласаат. – рече тој.

Додаде дека резултатот не е само поради договорот со Грција, туку и поради низата скандали што ја тресеа Владата изминативе месеци.

Два месеца ширевте невистини, два месеца книжевте нарачани анкети. Колектива хипноза за народот. Велевте дека сте се договориле со мене, па дека ќе ме исфреле од белата палата итн. Еве, стојам и ви кажувам. Македонија ќе победи. – рече Мицкоски.

Македонскиот народ покажа мудрост и не дозволи да биде заведен, вели Мицкоски, кој додаде дека таа волја ВМРО-ДПМНЕ ќе ја следи. За членството во ЕУ и НАТО, тој рече дека тоа се стратешки приоритети, ама народот има други приоритети, како што е името на оваа држава.

Името ни е големо, велеше Блаже Коневски. Македонија денес соопшти дека договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум. Политиката на Зоран Заев и Владата доживеаја дебакл. Бројот на граѓани што не гласаа или гласаа против договорот е драстично поголем од оние граѓани што гласаа за договорот. – рече Христијан Мицкоски.

Претседателот на опозицијата рече дека изразот на Заев покажува дека му пропаднале тендерите и му пропаднала кариерата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести