Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани.

Објавил: Перо Милчин | 8 мај, 2020 22:10

Мицкоски: Дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска ме спроведe, сам ќе се пријавам во Шутка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка“, реагираше на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вели дека нема ништо инкриминирачки во објавените разговори меѓу него и осудениот во „Рекет“ Зоран Милески- Кичевскиот.

Денеска на Јутјуб се појавија четири такви разговори, на нов канал, насловен „Факти и бројки“. Мицкоски реагираше на Фејсбук кој рече дека ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Зоран Заев каде јасно се гледа и има директни сведоштва дека е поплавен со криминал, корупција и рекет. 

Иако не ги оправдувам, ги разбирам Зоран Заев и апологетите на власта, тие мораат да ја дефокусираат јавноста од вистинските теми. Наутро Чулев е виновен, попладне јас. Ама позадината е друга, вели Мицкоски!

Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани.

Чулев им го разоткрива криминалот, а јас им ја зборувам вистината. И доколку денес не го објавеа ова, ќе се зборуваше за вистината, а таа е следна:

Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Зоран Заев каде јасно се гледа и има директни сведоштва дека е поплавен со криминал, корупција и рекет. Ова е и можност јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во тие објавени снимки. Убеден сум дека ако имаше барем една темна дамка во моето минато, денес ќе бев на друго место и немаше ова да го пишувам. Ова ми кажува само едно дека Заев е исплашен од пораз. А го чека страшен пораз.
И да не си ги толкуваме изјавите така како што на страните им одговараат.

Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани.

Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,, А1 он” кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината.

Ќе ве потсетам на прес конференцијата во август одговорив – цитирам „Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка“. Па јас и денес стојам на овој став.

Ова е период кога Македонија е претворена во мочуриште на криминалци. Ама тоа е нивната приказна. Ќе дојде време многу бргу, барата ќе се избистри и сите оние кои што се во кал сега ќе нема кај да се кријат. Тогаш ќе биде време за одговорност, вели Мицкоски.

Јас на оваа епизода гледам многу спокојно и со огромна смиреност, но и радост затоа што им се ближи крајот, и да знае и Заев и неговите инструменти и емисари кои ги праќа со надеж дека може нешто да се спогоди по изборите за да не одговара, сигурно се две работи, прво заедно со народот ќе ги победиме сите на куп и второ, од одговорност нема бегање.

П.С. Благодарност што ми дадовте прилика да се докаже дека нема ниту “к” од криминал. А сега што правиме со трас-трас одлуките, д’гау времето доаѓа!?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.