На прашањето дали неговите посети на Унгарија и Србија се поврзани со случајот со Груевски, Мицкоски кажа дека во Србија бил приватно и не се сретнал со Александар Вучиќ и уште еднаш повторни дека овие тврдења се несериозни.

Објавил: Македонка Димкин | 27 декември, 2018 23:15

Мицкоски: Детинасто е од Заев мене да ме обвинува за бегството на Груевски!

Фото/Текст извор: ©SITEL TV

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека тој нема врска со бегството на Никола Груевски, изјавата на Зоран Заев во која кажа дека тој е вмешан во бегството на поранешниот премиер ја оценува како несериозна. Смета дека Заев и министерот за внатрешни работи се добро запознати со целиот случај и бара одговорност за бегството на екс премиерот токму од Оливер Спасовски.

 Со оглед на тоа што цела 2018 година тој се однесуваше неодговорно сега можам да ги разберам неговите ПР стратези зошто му сугерираат Груевски да се поврзе со Мицкоски. Никола Груевски е минато во ВМРО-ДПМНЕ, иднината во партијата сум јас и се што правам е заедно со структурите на партијата во овој момент и ова е автентична прилика, која има своја карактерна црта. Тоа што го кажа Заев е помалку или повеќе несериозно. Тој ги има сите информации, жал ми е што не ги подели со македонската јавност неколку недели откако се се случи тој настан, рече тој.

На прашањето дали неговите посети на Унгарија и Србија се поврзани со случајот со Груевски, Мицкоски кажа дека во Србија бил приватно и не се сретнал со Александар Вучиќ и уште еднаш повторни дека овие тврдења се несериозни.

Изрази надеж дека Заев ќе го лоцира виновникот и нагласи дека бара одговорност од МВР.

 Врз основа на анализата што ја направивме мислам дека Заев и Спасовски точно знаеле што се случувало тогаш, рече Мицкоски.

Во однос на уставните измени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека партијата останува на својот став согласно конгресната резолуција и не очекува други опозициски пратениците покрај осумтемина од независната група на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени на финалното гласање.

 Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оние кои што ја следат конгресната резолуција и партиската програма, практично ги следат одлуките на Извршниот и на Централниот комитет и тука не треба да има дилема и јас верувам во нивната чесност во целокупниот овој процес, рече Мицкоски.

Нема да се кандидира на претседателските избори како кандидат на ВМРО-ДМНЕ и коалицијата. Нагласи дека има одговорност пред партијата, нејзините членови и симпатизери да победи на следните парламентарни избори.

Кандидатот што ќе го поддржат ќе го изберат на огласот, што ќе го распишат веднаш по Новогодишните празници, на кој може да се јави секој заинтересиран граѓанин кој ги исполнува законските услови со поднесување своја програма и визија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.