Во вчершното гостување на ТВ Сител, Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за разговор со власта околу сите клучни прашања.

Објавил: admin@magazin | 21 февруари, 2022 6:05

Мицкоски: Дома да се обезбеди консензус за надвор да имаме посилни позиции

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека за да има посилни позиции во разговорите со Бугарија, земјава треба најпрво дома да постигне консензус.

Според него, за да се постигне договор со Бугарија, треба да бараме гаранции за македонскиот јазик кој е различен од бугарскиот, како и за македонскиот народ кој има вековна традиција и култура.

Во вчершното гостување на ТВ Сител, Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена за разговор со власта околу сите клучни прашања.

-И ние бараме од Брисел да биде гарант за македонскиот јазик и за македоскиот народ, но бараме гаранција од Брисел, како и од официјална Софија дека до зачленувањето во ЕУ нема на некоја земја да и пречи нашето име. Кога сето ова ќе го видиме на маса, оваа гаранција, тогаш можеме да разговараме за се друго. Во овој момент, таков договор каков што планира да потпише Ковачевски, нема успешно да помине во Парламентот, а бидејќи Петков бара гаранции, барам и јас. Ако има македонски јазик без фуснота и македонски народ со своја култура и историја, ја имаат нашата поддршка. Подготвени сме да разговараме за иднината и за поинтензивна соработка со Бугарија, па дури и за вклучување на Бугарите во Уставот, но прво да видиме гаранции за македонскиот јазик и македонскиот народ, рече Мицкоски.

Коментирајќи ги пораките од Минхен, тој истакна дека повторно на мала врата ќе се „бутка“ истата игра како на времето за промената на уставното име.

-Еден ќе потпише едностран договор, заедно со другата страна, односно со бугарската Влада, и секој што ќе биде против тој договор кој очекувам да биде удар врз идентитетот, ќе биде прогласен за анти ЕУ, а секој што ќе го поддржи ќе биде про ЕУ и потоа ќе почне притисокот врз пратеници, омаловажување и понижување на  Законодавниот дом. Таа игра веќе сме ја гледале, нагласи Мицкоски.

На прашањето зошто досега немал средба со Ковачевски откако е премиер, Мицкоски одговори дека вратата е отворена и дека стои на располагање за клучните прашања, за дијалог и за тет-а-тет средба.

Но, но тој до денес не собра храброст да ме повика на лидерска средба и да поразговараме за овие теми за кои разговара секаде по светот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Објаснувајќи што значи најавената „пролетна офанзива“ по средбата со Касами, Мицкоски објасни дека  партиите од опозицијата ќе ги искористат сите институционални и вонинституционални инструменти кои им се на рапсолагање – делување во Парлментот, но и на улиците, зашто довербата во власта, како што рече, е се помала, а и народот тоа го очекува од ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со законот за наставниците, Мицкоски го повтори партискиот став – дека на мала врата се овозможува груба партизација во образованието, а за повисоки плати, порача, Владата треба само да го почитува колективниот договор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...