Тој додаде дека тие ќе направат коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптоваруваат граѓаните. Разговори се водат, рече Мицкоски, и треба да бидеме трпеливи!

Објавил: Владо Марин | 11 август, 2020 14:30

Мицкоски до Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ е победникот кај Македонците, а не СДСМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го информирал дека ќе почне преговори со СДСМ, затоа што таа партија победила во македонскиот блок.

„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба, минатата недела во Собранието, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата која победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека не се согласувам, бидејќи партијата која убедливо победи во македонскиот блок е ВМРО-ДПМНЕ, но во ред, тоа е негово мислење, тоа е човек кој има соодветно искуство на политичката сцена и јас му посакав среќа“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека тие ќе направат коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптоваруваат граѓаните. Разговори се водат, рече Мицкоски, и треба да бидеме трпеливи.

Прашан во однос на пресметката со бројот на пратениците и зошто смета дека неговата партија е победник на изборите, Мицкоски рече дека тоа е затоа што, според него, „ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници, а СДСМ има 32“.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот по неговата верификација на мандатите на пратеници има 40 на број, а СДСМ има 32. Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42. Доколку ги гледаме бројките што ги споредува СДСМ заедно со нивниот коалициски партнер БЕСА е 46. Тоа е исто како сега ние на нашите 44 да додадеме определена друга бројка на определени други пратеници од друга политичка партија и да речеме заедно со овие имаме повеќе од СДСМ. Партијата која е легитимна и кредибилен претставник на македонскиот народ, на Македонците во рамки на Собранието е ВМРО-ДПМНЕ со најголем број пратеници и тоа се 40“, заклучи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика