Дали знае која е сестра на оној адвокатот кој бараше 6 милиони евра?! – Судијката Димишкова! И дали го познава господинот Димишков, го праша Мицкоски Заев.

Објавил: Владо Марин | 30 јуни, 2020 18:42

Мицкоски до Заев: Вие сте најдобар пријател со вратарот од 27 април

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вие сте најдобар пријател со вратарот од 27 април, секогаш се работи за пари. Вие тендери делите ширум Македонија, господине Заев. Тоа се „пусти пари“, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на СДСМ Зоран Заев, на дуелот на ТВ 24.

Правосудстовто преставува голем проблем, луѓето се чуствуваат обесправени и тоа мора да се промени и тоа не е поради системот туку поради политичарите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Зоран Заев!

Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на телевизија 24, го праша претседателот на СДСМ Зоран Заев дали ја познава судијката Димишкова и нејзиниот брат адвокатот Димишков кој што цела јавност го слушна како бара 6 милиони евра рекет.

Дали знае која е сестра на оној адвокатот кој бараше 6 милиони евра?! – Судијката Димишкова! И дали го познава господинот Димишков, го праша Мицкоски Заев.

На ова претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговори дека не ги познава, по што Мицкоски кажа да не излезе дека Заев го познавал и дека и се среќавал со него, вели Мицкоски.

Мицкоски му порача на Зоран Заев дека човек обремен со судски случај за поткуп не може да биде реформатор.

– Имаме една јас и вие господине Заев, а тоа е што вие ве разбирам влеговте во овој процес на судството со едно обвинение коешто во тоа време беше случајот поткуп, а јас влегувам без никакво обвинение. И сега не може човек којшто е обремен со судски случај да биде реформатор, му порача Мицкоски на Заев. Реформатор може да биде човек кој не е обремен со судски случаи, вели Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...