Мицкоски охрабрен од повлекувањето на Заев

Објавил: Узунов Бобан | 13 февруари, 2019 7:59

Мицкоски до Заев: Колку и да бегаш ќе те победам !

Фото/Текст извор: ©магазин

Откако СДСМ вчера одлучи да не оди на предвремени парламентарни избори, се огласи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Дали случаите на непотизам до највисоките врвови на власта ја зацврстија одлуката на Заев да не оди на предвремени парламентарни избори ? За овие случаи тој изјави Веројатно имаме и слабости при нашето функционирање и затоа реков ќе побараме одговорност ако некаде тоа вработување е направено на несоодветен, незаконски начин. Не е доволно, потенцира тој, само да се повлече или раскине договор, ако било прекршено некое законско правило, туку тој што го прекршил законот да одговара како што е пропишано, рече Заев

-Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема!

СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех.

Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, пишува Мицкоски во статусот на Фејсбук. 

Одлуката да не се оди на предвремени парламентарни избори од познавачите на состојбите беше оценета како победа на провинциското крило пред налетот на скопското крило предводено од Шеќеринска на нивното барање за редефинирање на моќта и влијанието во СДСМ. 

При ваква ситуација, компензацијата би била  токму скопското крило да го предложи претседателскиот кандидат на СДСМ. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.