Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Објавил: Владо Марин | 3 август, 2020 14:39

Мицкоски: Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадолженост, долгот достигна 59,5%

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост. За само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп. Овие пари со кои нѐ задолжуваат сите нас, се парите кои се потрошени за корумпирање за избори, затоа што ништо друго не е изградено.

Многу лесно може да се увидат ефектите ако целта вистински им беше справување со последиците од корона. Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува.

Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија, потенцираше Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести