На денешната прес-конференција за медиуми, лидерот на ВРМО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека е сигурен оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе победата.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 21:47

Мицкоски е убеден дека ќе победи на изборите, само од корона се плаши!

Фото/Текст извор: ©курир

На денештната прес-конференција за медиуми, лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски изјави дека е сигурен дека со предложените носители на избирачките листи ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе победата на претстојните парламентани избори кои треба да се одржат на 12 април 2020 година. 

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека ќе стане новиот премиер на Македонија, единствено корона вирусот може да му застане на пат.

По денешниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврдени се избирачките листи и носителите на избирачките листи. Носители на избирачки листи, како што изјави Мицкоски се лица кои досега никогаш не биле кандидирани за пратеници за разлика од носителите на избирачки листи во СДСМ зад кои стојат многу афери и политички порази.

Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се микс помеѓу докажани политичари без црна дамка и нови лица во политиката докажани професионалци во својата сфера на работа. Реакциите на јавноста се одлични и позитивни откако и официјално беа објавени кандидатите и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

  1. Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден е професорката Гордана Силјановска Давкова, почитуван професор на правниот факултет Јустиниан Први при Универзитетот Свети Кирил и Методи која одлично беше прифатена и како претседателски кандидат.
  2. Носител на изборната листа во изборната единица број два на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски млад политичар без ниту една црна дамка во својата кариера, напротив со низа на успеси како министер за транспорт и врски во претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој важи дека има огромна поддршка од страна на партиската база.
  3. Во третата изборна единица борбата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе водат двајцата генерални секретари на партиите. Игор Јанушев ќе е носителот на ВМРО-ДПМНЕ во тројка. Јанушев има огромно политичко искуство со оглед на неговите години и ужива голема поддршка од партиската база.
  4. Носител во четворка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе потпретседателот на партијата, Александар Николовски. Николовски од сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ има најголемо искуство во политиката, важи за еден од мостовите на партиајта за меѓународна соработка, а во својата долгогодишна политичка кариера нема ниту еден скандал зад себе.
  5. Носител во петката ќе оперскиот пеач Игор Дурловски. Човек кој зад себе има 10-тици меѓународни признанија од областа на оперската музика и е обожуван од народот, но и почитуван од своите колеги. По потекло тој е од Битола, па токму поради оваа причина тој е носител во петка која што важи за една од најнесигурните изборни единици, односно изборна единица која го дава победникот на изборите.
  6. Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на листата во изборната единица шест. Таа по потекло е од Гостивар, а по професија е медицински работник, односно стоматолог почитуван од своите сограѓани. Таа важеше за еден од најгласните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во актуелниот пратенички состав, секогаш спремна за арументирана дебата во медиумите, но и од собраниската говорница.

На прес-конференцијата за медиуми, Мицкоски изјави и дека сигурен е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе победата на претстојните парламентарни избори, единствено што може да ја одложи победата е и неодржувањето на изборите поради новите состојби со смртоносниот вирус Ковид 19. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести